Заев: Ние сме НАТО, одиме кон ЕУ

 На овој ден пред две години 609.813 македонски граѓани го заокружија изборот „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, објави премиерот Заев на Фејсбук.

– Патот кој води до сигурна евроатлантска иднина доби повеќе гласови од победниците на сите парламентарни избори во историјата на независна Македонија. Резултатот на референдумот беше сигнал дека пратениците во Собранието имаат обврска да ја следат мнозинската волја и тие ја прифатија историската одговорност која се исправи пред нив. Во парламентарниот дом беа донесени храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат, наведува Заев во објавата.

Тој посочува дека Договорот со Грција во својата суштина ја има иднината на нашата држава Северна Македонија, од што произлезе членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори со ЕУ.

– Станавме рамноправна членка на семејствата на НАТО, сојузник со нациите кои уживаат силен економски развој и со чија помош си ги гарантираме сигурноста, безбедноста и добробитот за граѓаните. Оваа година ги почнуваме преговорите за членство во ЕУ. Овие храбри одлуки носат подобар живот за сите граѓани и ни го потврдија богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна, додава премиерот Заев во објавата.

Претседателот на Владат посочува дека постигнавме договор кој го гарантира правото да се определуваме како Македонци, а македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

– Ја испративме во историјата на заборавот референцата ФИРОМ (ПЈРМ) и денес нашата земја е заведена во Обединатите Нации под името Република Северна Македонија, преведено на сите јазици, со химната, грбот и знамето кои не се променија. Оваа наша генерација македонски граѓани ја прифати демократијата како највисока вредност, но и како одговорност. Во име на таа наша одговорност ги направивме потребните чекори за најважните одлуки за иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија, додава Зев во објавата на Фејсбук. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега