Заев: Ние нудиме издражни проекти – тие сакаат еднократно да ги измамат гласачите

На претпоследниот ден од кампањата сосема е јасна разликата на понудите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина и останатите политички партии и коалиции, истакна денеска претседателот на партијата Зоран Заев од Кичево.

-СДСМ и Коалицијата на овие избори ја имаат најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ нуди стари, потрошени кадри на Груевски, меѓу кои има и осудени лица и лица против кои се водат судски постапки. Ние нудиме издржани проекти, проектирани според реални состојби, во рамките на буџетите на соодветните општини, со реални рокови и реален план. Кај нив, ќе видите нереални и неостварливи проекти со цел еднократно да ги измамат гласачите, без при тоа да водат сметка за буџети или реални проекции. Додека ние решававме децениски проблеми, тие ги создаваа и комплицираа. Додека ние инвестиравме во општините и граѓаните, тие се противеа на секоја мерка што значеше повеќе пари во семејствата, рече Заев.

Вели, недела е ден за одлука и ги повика граѓаните да го дадат својот глас за бројот 12 за да го одберат најдоброто за нив и нивните деца.

-Но покрај за градоначалник, заокружете 12 и за листата за советници, затоа што развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети. Да не дозволиме во советите да ни се пресликаат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги гледаме во Собранието. Затоа во недела потребно е да ги поддржиме советничките листи на СДСМ и Коалицијата, советничките листи кои ќе реализираат, а нема да блокираат проекти. Во недела на 17 октомври да заокружиме 12 да го избереме најдобриот градоначалник и најдобрата советничка листа за нашата општина, рече тој.

14.10.2021 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега