Заев: Ние не сме веќе македонска партија

Поранешниот премиер и лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера од Виница истакна дека СДСМ не е веќе македонска партија, туку е мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, а тоа како што рече е во склоп со етничкиот состав на државата.

Заев е сигурен дека се фаворити на предвремените избори закажани за 12 април.

-„Коалициите ќе бидат додржани и малку проширени. Со тоа што верувам ако ги договориме сите детали тоа ќе ја испрати пораката кој ќе ја има честа и поддршката од граѓаните. Со ДУИ имаме соработака како што имаме и со другите партии. Дуи е нашиот досегашен коалиционен партнер, јас уште еднаш реков сме подготвени да соработуваме со сите на основа на вредности, на основа на програми врз основа на концепти и на верби.Навистина со ДУИ ги решивме крупните прашања заедно во владата. Јас верувам дека за прв пат ќе смогнеме сили да направиме предизборна коалиција со албански политички партии. Ние не сме веќе македонска партија, ние сме мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, така ни е и етничкиот состав на државата. Сето тоа ни дава за право да бидеме фаворити на овие избори затоа што имаме право на опција на избор на договарање“ – рече Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа