Заев: Ние имаме 2,5 милиони дози на вакцини

Премиерот Заев смета дека направил и повеќе од доволно за да обезбеди вакцини. При денешната посета на Штип, тој рече дека имаме договорено 2,5 милиони дози и дека владата направила и повеќе од потребното.

Ако ги броите 800.000 од Фајзер, 833 илјади од Ковакс механизмот, 400 илјади имаме 2 пати по 200 од Кина, имаме дополнително од Европската Унија согласно грантот од 70 милиони евра, донациите кои што дополнително ги најавија сите соседи стигаме до 2,5 милиони. Значи сме направиле исчекор повеќе за да ги фатиме сите механизми за да направиме договори, преддоговрои, некаде дури и анкес да платиме се со конечна цела да преземеме се што е неопходно.
Јас верувам дека како што реков пред некој ден, денови се во прашање.“ – рече Заев.

Но фактите го говорат последното. Само 4 земји во светот, според податоците на Блумберг имаат направено „помалку од Македонија“. Ниту една од нив не е од Европа.

 

За ситуацијата да биде уште почудна, нашата Влада уште на крајот на минатата година ги одби руските вакцини докажувајќи ја својата прозападна ориентација, а денеска самата ЕУ почнува процедура со која и официјално ќе ги одобри вакцините за употреба во унијата. Но за нас, рускиот воз помина па сега ќе треба да чекаме некоја нова пратка која не чини неколку месеци и што е најстрашно многу изгубени пациенти.
До овој момент никој од надлежните не е подготвен да понесе одговорност за тоа што сме речи си последна земја во светот која се уште нема почнато вакцинација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа