Заев нема да поднесе оставка, но одлучил да оди на предвремени избори?

Премиерот на Макдонија, Зоран Заев нема да се повлече од својата функција, дознава Фокус.

 

Иако некои странски и наши медиуми шпекулираа дека поради неуспехот со добивањето датум за преговори, Заев размислувал за да се повлече од актуелната функција, сепак, до такво нешто нема да дојде.

Имено, тој имал намера да поднесе оставка поради чувство на одговорност, но одлучил својата политика да ја провери на предвремени избори, кои во договор со опозицијата најверојатно би се одржале во март, 2020 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2019 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега