Заев: Некој ќе добие отказ, некој оди во затвор, некој нов мандат

Таа што не е квалитетна администрација ќе им се заблагодариме, не може да им ги трошат парите на граѓаните за плати и нешто да не работат, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата Отворено на тв24. 

Додаде дека некој ќе носи кривична одговорност и ќе оди во затвор, некој ќе му биде дадено отказно решение, на некој ќе му биде потврден втор мандат да биде дали ет оа обвинител, судија, пратеник или било што.

– Еден дел од реформата на јавната администрација има за цел да ги намали работните позиции во администрацијата, делот на позициите кои што се систематизирани по систематизациите не се потребни, само фигурираат само затоа што треба некој да зема плата и ништо да не работи мора да ги укинеме. Тие ќе имаат своја понуда каде ќе бидат насочени да им биде понудена работа, државата ќе ги понуди со тренинг, ќе им даде поддршка на приватните фирми за да може да ги привлечат. Ќе дојде и времето, а доаѓа кога приватниот сектор нуди повисоки плати за средно образование од државниот сектор, рече Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега