Заев не прифаќа Беким Сали да го замени Филипче, оти загубил на избори

Нова средба меѓу премиерот Зоран Заев и Гаши од Алтернативе, ќе се случи неделава, на која се очекува да се разговара за ресорите и кадровските прашања.

Од Алтернатива досега велат дека немаат конкретна понуда, ниту барање за кое за кое е разговарано.

Но, Алсат пренесува дека, неофицијално, Беким Сали, секретарот на Алтернатива, кој ги загуби изборите во Чаир од Висор Ганиу бил предлог на Гаши да биде новиот министер за здравство и да го смени Венко Филипче.

Исто така, неофицијално, Алсат пишува дека името на Беким Сали било неприфатливо за Заев.

Истите извори велат дека Заев ја поддржува идејата кадрите кои загубија на локалните избори во нивните населени места, вклучително и министрите од актуелниот кабинет на Владата и неговата партија, да не бидат дел од следниот владин формат. Во разговорите, лидерот на социјалдемократите во заминување истакна дека од ресорите со кои раководат кадрите на СДСМ, нема став за кој не е преговарано, односно Алтернатива може да бара било кој ресор.

30.11.2021 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега