Заев: Не постои било каква европска перспектива ако бидеме обезличени, ако станеме прав, ако не постоиме

Акцискиот план за спроведување на договорот со Бугарија не е усогласен, тоа е акциски план на секторска основа, каде што преку повеќе сектори, каде што очекуваме да биде усвоен на првата Меѓувладина конференција помеѓу Бугарија и Северна Македонија, за да биде прифатен и адаптиран и веднаш да влеземе во негово спроведување, кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Преговори за идентитетските прашања нема и нема да има, порачува премиерот.

„За Македонците и македонскиот јазик, за идентитетските прашања, нашата национална посебност, апсолутно не разговараме. Нашите ставови се јасни. Не постои било каква перспектива или европска перспектива ако бидеме обезличени. Ако станеме прав. Ако не постоиме. Ние сме Македонци што зборуваат македонски јазик“, кажа Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа