Заев: Не очекуваме да бидеме казнети за успесите

Македонија заслужува започнување на преговорите со ЕУ иако процесот ќе биде долг, изјави за време на неговата посета на Скопје, словенечкиот премиер Марјан Шарец.

-Сакаме Западен Балкан да стане дел од ЕУ и тоа е уверување кое го споделив со премиерот Заев. Очекуванњата на Северна Македонија се големи, но заслужени - кажа Шарец.

 

Премиерот Зоран Заев, пак, изјави дека следната недела очекува земјата да се награди за сите реформи и градењето на добрососедски односи.

-Не очекуваме еден од поголемите, позитивните примери, од Балканот, но и од европскиот континент да биде казнет. Очекуваме да биде награден за да моеже да ги мотивираме и другите лидери да продолжат во тој дел. Истовремено не сакаме повторно да се врати национализмот, радикализмот, тоа е Балканот од 19 век. Нашата аспирација не е веднаш да станеме членка на ЕУ, туку да добиеме следен чекор, а тоа е да почнеме преговори - кажа Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега