Заев не е убеден дека ДДВ-то за струјата може да се намали од 18% на 5%

Намалување на ДДВ за струја  од  18 на 5 проценти во најскоро време не може да се очекува. Владата допрва ќе го разгледува ова прашање, иако од РКЕ и од ЕЕЗ препорачаа ваквата мерка да биде приоритет  на новата власт бидејќи на тој начин би се ублажи  ударт од новиот скок на цената на струјата.  Премиерот Заев посочи дека предлогот е добродојден, но мора да се види како намалувањето  ќе влијае на обезбедувањето на средства  за справување со коронакризата.

„ – Секако е вредно за разгледување, но ние мораме да водиме грижа каков тоа импакт ќе има на севкупното обезбедување на доволни ресурси да помагаме и со петти пакет и со шести пакет понатаму на нашата македонска економија. Но секоја идеја, секоја препорака е вредна за внимание посебно кога доаѓа од европски институции како што е Европската енергетска заедница и верувам дека нашите стручни служби во Владата пред се економските министри ќе ја разгледаат оваа работа и ќе оформиме заеднички став како Влада – посочи премиерот.

Намалувањето на стапката на ДДВ за струјата дојде како предлог од првиот човек на Регулаторна по поскапувањето на крајот од летото, а таква препорака стигна и од Европската енергетска заедница>

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2020 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа