Заев не е на координација во Собранието, потврдуваат од СДСМ

 Лидерот на СДСМ Зоран Заев попладнево не е во Собранието на средба со пратеникот Јован Митрески, кој е координатор на пратеничката група на владеачката партија, ниту се планирани средби со собранискиот спикер Талат Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети, потврдија за МИА од СДСМ.

Како што наведуваат од СДСМ, додека не помине  претресот на Законот за ЈО нема да се одржи седницата на која на дневен ред е предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која првично беше закажана за денеска во 15 часот.

Во Собранието од попладнево се одржува 135 седница на која на дневен ред е законот за јавно обвинителство и измени и дополнувања на законот за Совет за јавни обвинители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега