Заев: Не е добро да стојат пари на странска сметка, затоа ни го вратија авансот за кинеските вакцини

 

 

Не е добро да стојат пари на странска сметка, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето зошто кинеската компанија за производство на вакцини „Синофарм“ ни го вратила авансот кој беше даден за набавка на вакцините.

– Не е добро да стојат пари на странска сметка, но процедурата е во тек. Јас и денеска чекам инфортмација од Кина, за веднаш да ја продолжиме постапката за набавка на кинеските вакцини. Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја додека не се заврши постапката. Ќе чекаме прво да се заврши работата, па потоа да ги уплатиме парите. Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка. Има и втора постапка за набавување 200.000 вакцини, а формализирани се и постапките за руската вакцина – истакна премиерот Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега