Заев: Не бегаме од одговорност, ќе бараме повлекување на работните места ако имало протекции

Премиерот, Зоран Заев пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор на СДСМ ги искоментира обвинувањата за непотизам при вработувањата во државните институции.

Тој рече дека дал инструкции да се направи анализа на сите постапки за вработувања.

„Ќе направиме анализа, ќе ги видиме постапките и секаде каде што има привилегии, протекции или било какво влијание, ќе бараме повлекување на работните места, бидејќи сакаме да испратиме порака дека сите во општетството, дури и децата на некој функционер имаат шанса во Македонија“, рече Заев и додаде дека за колку места и да станува збор тоа треба да биде транспарентно и тие не бегаат одговорност доколку биде утврден пропуст при вработувањата.

Денеска во јавноста излезе информација дека братот и синот на пратеничката Мира Стојчевска се вработиле во РЕК „Битола“ и во „ЕЛЕМ“, на што претходеа неколку вработувања на роднини на функционери и пратеници. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за вработувањето кадри од СДСМ во државната администрација рече дека два-три случаи на вработување не значат непотизам. Според Манчевски, сите членови на неговата партија 10 години биле најдискриминирани, па, така, го оправдува нивното вработување во јавниот сектор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега