Заев: Нашата определба е да градиме и негуваме општество еднакво за сите

Охридскиот рамковен договор придонесе за кохезивноста на општеството како еднакво за сите граѓани и заедници, како и за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ, напиша Заев на својот фејсбук профил.

„Денеска одржавме свечена седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Оваа значајна годишнина се совпаѓа и со 30 годишнината од независноста на нашата земја, со 80 годишнината од народното востание и 20 годишнината од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација како наш прв чекор кон Европската Унија.

Се определивме за политики што ја градат Република Северна Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници.

Нашата определба е да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Заедно се развиваме како држава во која шансите за благосостојба се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на ЕУ“напиша Заев

 

27.07.2021 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа