Заев најави победа во вториот круг: Ја примивме порака од народот

Поддршката која ја добивме во првиот круг е сериозна и пред нас е сериозна борба која ќе се случи во вториот круг, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочувајќи дека неговата партија влегува во втор круг во 36 општини плус Град Скопје.

– СДСМ победи и победува во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Валандово, Македонска Каменица, Берово, Кривогаштани, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Чашка, Лозово, Конче, Арачиново, Дебарца, Долнени, Куманово и во Град Скопје. Нашиот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, има предност од околу 15.000 гласови во однос на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Таму каде што води ВМРО-ДПМНЕ, видете ја структурата на гласови. Коалицијата на партиите СДСМ, ДУИ, ЛДП, ДОМ, Беса и на другите партии, ќе се обедини и ќе влезе во борба за мнозинствата во најголем број на веќе избраните совети. Ако ги погледнете Битола, Куманово или Гевгелија, на пример, тогаш ќе забележите дека сериозни гласови освоија кандидатите на ЛДП, а тоа значи дека во вториот круг тоа се наши гласови. Поддршката која ја добивме во првиот круг е сериозна. Тоа се стотици илјади гласови на граѓаните. Пред нас е сериозна борба. СДСМ и коалицијата влегува во втор круг во 36 општини плус Град Скопје. На крајот, СДСМ и коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредвба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција – рече Заев.

На лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев му порача: „Кочи Мицко, вториот круг е пред нас!“

– Јасна е пораката од народот и таму каде што победивме и каде што не победивме. Резултатите ќе ги обезбедиме со сите наши капацитети, но тие е можно само со локални самоуправи кои гледаат и сакаат напред. Го повикувам целиот македонски народ, борбата продолжува, злото се заканува. Кочи Мицко, вториот круг е пред нас. Убеден сум дека ќе имаме повеќе градоначалници во повеќе општини и нема да има дилема кој е победник на локалните избори. Состојбата на советите е во наша корист, не можеме сега да кажеме каква е состојбата, најверојатно ќе знаеме во раните утрински часови. Демократијата и слободата го донесоа правото да настапиме необединети како претходно. Ова се локални избори каде што граѓаните бираат кандидати, а потоа политички партии. Кога ќе ги сублимирате сите гласови, ние водиме на изборите. Во вториот круг, во 36 општини плус Град Скопје, влегуваме како фаворити – истакна лидерот на СДСМ.

18.10.2021 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега