Заев најави намалување на цената на зелениот картон и регистрирањето на возила

 

Веќе разгледуваме варијанти за да го поевтиниме зелениот картон, затоа што нормално ако е скап не го купуваат. Ако го намалиме на ниво на регионот колку што го има, ќе си вадат сите зелен картон. Тоа е во преговори со осигурителните компании и со сето она што претставува како трошок во зелениот картон како користење на патишта и друго, рече премиерот Зоран Заев на денешната трибина „На прав пат” во Куманово.

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставниме патарините што се плаќаат за патишта, сакаме да ги рационализираме и намалиме регистрацијата на возилата која што ја имаме, оти и тоа е да им остаивме пари на граѓаните назад кон граѓаните. Така да работиме на намлување на цената на Зелениот картон, рече премиерот Зоран Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега