Заев најави „чистка": Нема да се врати режимот на Груевски

Премиерот Зоран Заев еден ден по минималната победа на Стево Пендаровски над Гордана Силјановска Давкова во првиот круг од претседателските избори синоќа на трибина во Карпош.

- Близината на гласовите вика дека се враќа режим, се враќа Груевски, а тоа никој не го сака. Да ги вратиме насмевките на лицата и да засукаме ракави во наредните две недели. Не се работи за СДСМ, за коалициони партнери, туку за татковината. Не нуди алтернатива освен само квази-националистичка реторика. Едвај чекаат да се вратат и да ја доразграбаат државата. Ние ја примивме пораката дека има незадоволство од централната и окалната власт. Најавувам дека секако ќе има чистка и секако ќе расчистиме. После изборите ќе се случат промените. Ќе дојдат нови и поучени од грешките на претходниците - рече Заев на трибна синоќа.

Заев рече дека неговата Влада правела грешки но не од таков степен како „во режимот на Груевски“, вети промени во правосудството и поголема работа.

Додека говореше Драган Спасов Дац му подари метла за чистката, а тој момент беше највпечатлив на митингот.

 

Инаку, овие претседателски избори, односно првиот круг, беа со најмала излезност досега на било кои претседателски избори во Македонија.

Според последните податоци што ги објави ДИК одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесуваше 41,82 отсто или на гласање излегле 755,816 граѓани.

На првите непосредни претседателски избори во 1994 година на гласање излегоа 1.053.761 граѓани, а за шеф на државата беше избран Киро Глигоров  со освоени 715.087 гласови.

Неговиот наследник Борис Трајковски во 1999 година беше избран со 582,808 гласови, а на гласање излегоа 1.112.703 граѓани.

Следниот претседател Бранко Црвенковски во 2014 година беше избран со гласовите на 550.317 граѓани од вкупно излезените 909.289 граѓани.

Ѓорѓе Иванов во 2009 градина кога за прв пат беше избран за претседател доби поддршка од 453,616 граѓани, а вкупно на гласање излегоа 764.039.

Вториот мандат во 2014 година Иванов го освои со 534.910 гласови, од вкупно излезените 967.676 граѓани.

Новиот претседател на државата ќе се избира во вториот круг што треба да се одржи на 5 мај. Граѓаните ќе избираат меѓу двајцата кандидати кои вчера освоија најмногу гласови Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. За да биде избран новиот шеф на државата, на гласање ќе треба да излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега