Заев: Наградата нека биде стимул за сите што носат сериозни одлуки и за идните генерации

„Mи претставува особена чест и изразувам голема благодарност до Економската заедница на Вестфлија и Липе за доделувањето на престижната меѓународна мировна награда на Вестфалија. Наградата не е значајна само за нас како поранешни премиери на нашите држави“, вели експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Според него, наградата е значајна затоа што ги потврдува заложбите на прогресивните и европски политики, кои градат траен мир. Значајна е за сите луѓе во Северна Македонија и Грција, кои градат пријателски и добрососедски односи базирани на меѓусебна почит и разбирање.

„Нека оваа награда биде стимул за сите оние што носат сериозни одлуки и за идните генерации дека не постои конфликт што не може да се реши со дијалог и пријателство“, вели Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега