Заев на средба со стечајци во Куманово: 12.000 стечајци добиваат месечен надомест од 8.000 денари

„Векот сте го дале за татковината. Нечесно е да останете, вие стечајните работници без примања. Затоа воведовме 8.000 денари месечен надомест за 12.000 стечајни работници за да имаат со што да го минат месецот. Тоа е фер и правично општество“, им порача претседателот Заев на стечајните работници во Куманово.  
Претседателот Заев истакна дека и стечајните работници во следниот период ќе добијат домашна платежна картичка од 9.000 денари и додаде дека во изминатите две и пол години, Владата предводена од СДСМ докажа што е вистинска грижа за народот, за сите граѓани.
„Докажавме дека има пари во нашата земја за граѓаните. Ја воведовме социјалната пензија. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, воведовме детски и образовен додаток и го проширивме опфатот на деца со овие мерки. Обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца. Инвестираме во човечкиот капитал, а ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на споменици, музеи, стиропорни фасади. Следниот мандат социјалната грижа продолжува уште повеќе и уште подобро“, заклучи претседателот Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега