Заев на средба со претставници на Одбојкарската федерација на Македонија

На средбата, од претседателот и претставниците на Одбојкарската федерација е изразена благодарност за поддршката од премиерот Заев, од Владата и од Агенцијата за млади и спорт. Посочено е дека за една година, за Одбојкарската федерација се наменети значителна сума финансиски средства, како никогаш до сега.

 Исто така, претставниците на Одбојкарската федерација на Македонија го посочија како значаен исчекор напред, интересот на премиерот Заев и на Владата да ги слушне предизвиците со коишто се соочуваат спортистите и активно да соработува во изнаоѓањето решенија.

Премиерот Заев упати честитки до претседателот на Одбојкарската федерација, Јовановски, до претставниците на Федерацијата, како и до играчите одбојкари, за историскиот успех постигнат годинава со пласманот на Европското одбојкарско првенство.

-Покажавте одличен успех при пласирањето, за тоа изразувам почит кон Федерацијата во име на Владата и во мое име. Имате добри шанси за Европското одбојкарско првенство што ќе се одржи во септември оваа година. Сметајте на поддршката од Владата. Со повеќе мерки, како Влада имаме за цел да го поддржиме спортот, бидејќи нема подобар репрезент на државата од спортот и ништо не зближува повеќе од спортот, рече премиерот Заев.

На средбата се разговараше за начините за поддршка и мотивација на одбојкарите, како што се доделување спортска сала на Одбојкарската федерација, за потребите на развојот на одбојката во Република Македонија, обезбедување соодветни просторни услови за тренинзи, финансиски средства согласно законските прописи, како и за можностите за поголема промоција, како на одбојката, така и на другите спортови во Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа