Заев на фејсбук: Бруталните насилници од Штип мора да бидат најстрого казнети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својот фејсбук профил реагираше во врска со видеото објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа како двајца малтретираат девојка.

,,Пред сѐ како човек, но и како лидер на владејачката партија, најостро го осудувам шокантното насилство врз младата девојка во Штип кое ја вознемири целокупната македонска јавност. Бруталните насилници мора да бидат најстрого казнети!

Ги повикувам институциите да ја заштитат девојката и најитно да ги искористат сите свои надлежности за насилниците што побргу да бидат изведени пред суд и да ја добијат заслужената казна.

Упатувам апел до сите медиуми и до граѓаните на социјалните мрежи да не го споделуваат вознемирувачкото видео со брутално родово насилство, за да спречат натамошно виктимизирање на девојката.

Во овие моменти, кога се соочуваме со тешки здравствени предизвици, повикувам на свесно и одговорно однесување, како од страна на медиумите, така и од страна на граѓаните, особено на социјалните мрежи, каде што се споделуваат мноштво лажни вести, непроверени информации и видеа со вознемирувачки содржини“-се вели во пораката од Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега