Заев му се јави на Хан за „Рекет: Се бориме со криминалот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вчера попладне имаше телефонски разговор со комесарот на ЕУ за преговори, добрососедство и проширување, Јоханес Хан. 

 Во текот на разговорот премиерот Заев го информираше еврокомесарот Хан за напорите и мерките кои Владата активно и интензивно ги презема за борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучувајќи го и случајот „Рекет“. 

 

 Премиерот Заев ја потврди цврстата одлучност на Владата за целосно и неселективно расчистување на сите случаи на висока корупција уверувајќи го комесарот Хан дека се создадени услови за институциите од судството и обвинителството активно и непречено да се борат против криминалот и корупцијата. 

 

 Премиерот Заев и комесарот Хан се согласија дека институциите на системот се должни во брза и ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи, но и без одлагање да ги процесуираат предметите кои произлегуваат од незаконското прислушување од минатото. 

 

 Премиерот Заев и комесарот Хан, исто така заклучија дека мора да продолжат напорите на политичките партии за усвојување на Законот за јавно обвинителство во Собранието на РСМ, како и дека заедничка цел на сите политички фактори треба да биде позитивна одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври оваа година.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега