Заев: Мојот приход не е толку голем, јас земам 87.000 денари

Ние сме левичарска Влада, доминантно социјал-демократска, мене ми е логично и фер оние што имаат повисоки приходи, што имаат повеќе да платат повеќе, а тие што имаат помалку преку институциите да добијат повеќе.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Мојот приход не е толку голем, јас земам 87.000 денари, тоа е платата на премиерот. Зборуваме за приход над премиерската и над претседателската плата. Треба да имаме мотивирани медицински сестри, мотивирани специјалисти и лекари, треба да продолжиме да ги спроведуваме реформите. Верувам дека сите длабоко во душата знаеме дека ќе биде ова наше општество ќе биде поквалитетно ако бидеме солидарни, а солидарноста ја прават тие кои добваат повеќе, кои имаат бизниси – рече премиерот.

 

 

 

06.11.2018 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега