Заев: МАНУ мора да го змени името, Преспанскиот договор е закон

Одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на новиот изглед на Универзалната сала во Скопје, околу „одбивањето на МАНУ за вметнување Северна Македонија во името“, премиерот Зоран Заев нагласи дека Преспанскиот договор мора да се почитува.

– Преспанскиот договор е закон. Неговата ратификацијата е направена во Собранието и тој е закон, а законот мора да се почитува. Кога од МАНУ побараа да ги повлечеме измените на законот, ние ги повлековме без да прашаме зошто, додаде Заев.

Тој нагласи дека согласно Преспанскиот договор имаме законски рокови кои мора да се почитуваат и сите институции финансирани од државата мора да го променат своето име, а МАНУ, како што додаде, е една од тие институции.

– Најдено е многу убаво решение во разговор и договор со Грција и верувам дека ќе се најде решение и за оваа работа. Законот мора да се почитува и овде, додаде Заев. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега