Заев-Куик: Нашето економско партнерство ќе создаде бенефити и приходи, особено за младите

Зоран Заев, придружуван од министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми и заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, денеска се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Грција, задолжен за грчката дијаспора Теренс Николаос Куик, кој е во дводневна работна посета на нашата земја.

„Со мојот пријател, грчкиот премиер Алексис Ципрас, покажавме дека пред нас, стојат отворени можности за соработка и дека заедничките интереси можеме да ги искористиме за позитивна соработка, да ги надоместиме изгубените години. Со нашата заедничка политичка волја покажуваме и веќе чувствуваме дека е возможна одлична економска и трговска соработка меѓу нашите пријателски земји, како и соработка во областа на туризмот, образованието, културата и спортот“, рече премиерот Заев, на средбата со грчката делегација.

Исто така, на средбата беше потенцирана и важноста на Акцискиот план, кој беше потпишан од страна на премиерите Заев и Ципрас, при неодамнешната посета на делегацијата на грчката Влада на нашата земја, со кој се регулираат сите активности кои опфаќаат договори за унапредување на заедничката соработка во одбраната, енергетиката, транспортот, земјоделството, здравството, како и асистенција на Грција во процесот на нашето зачленување во Европската Унија.

„Беа разменети мислења и беше изразена безрезервна поддршка за засилување на економското партнерство со цел да се создадат услови за отворање нови работни места, особено за младата генерација. Беше изразена волја, плодовите од изразеното искрено пријателство од двете страни да биде искористено за зближување на двата народа, за заеднички раст и развој, како пример за соработка на две соседни земји во целиот регион“, сооптшија од Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега