Заев. Колкава и да е болката во градите имаме фер решение

Колку и да е голема болката во градите, имаме фер и праведно решение, а најсуштествена предвидена промена во Уставот е во амандамнот 32 според кој секаде каде што стои Република Македонија, се менува со Република Северна Македонија, освен во членот 36 кој има историси контекст.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев на втората јавна дебата за уставни измени.

- Договорот со Грција оозможува, почитување на правото на самоопредеување давајќи ни шанса да зоруваме македонски јазик кој иако е признаен во 1977 година, ЕУ ни се обраќаше со вашиот народ, вашиот јазик, наместо македонски народ или македонски јазик. Тоа се правеше, најверојатно заради лобирањето на грчките претставници. Сетоа тоа беше понижување за нашата земја, а откако ќе го заокружиме процесот, ќе имаме земја, грутка наша која ќе биде признанена од цел свет, а Македонија ќе може да почне да се занимаа со животните прашања, истакна тој.

Заев, на јавната дебата повтори дека вториот амандман се однесува на Преамбулата на Уставот, каде одлуките на АСНОМ, се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата. Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е  Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегриет и политичката независност на соседните држави, што дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи.

Во четвртиот амандман, појасни премиерот, стои дека Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега