Заев: Кога ги правите пресметките преминуваме 2 милиони вакцини - недоволниот капацитет за производство причина за доцнењето

Премиерот Зоран Заев рече дека државата ја поминала црвената линија во набавката на вакцини. Односно, нарачани биле и повеќе дози отколку што реално нѝ се потребни.

-Така беше последната нарачка за 100-те илјади Спутникови вакцини. Но, секако имаме дуплирани нарачки од Кина. 200 по 200 илјади вакцини. 800 илјади преку КОВАКС механизамот. 833 илјади директно со Фајзер што се склучени. Договорите кои што ги имаме со Европската унија поради Западен Балкан. Кога ги правите пресметките преминуваме 2 милиони вакцини, рече Заев.

Според него, државата направила сѐ што треба да направиме.

-Дефинитивно, недоволниот капацитет на Фајзеровите, но и на сите други вакцини во светот се причината за доцнењето, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега