Заев: Ќе се менуваат учебниците каде пишува бугарски фашистички окупатор

На новинарско прашање дали според договорот со Бугарија ќе се менуваат учебниците по историја, премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција кажа дека нема да се менуваат учебниците по историја, но ќе се менуваат термини бугарски фашистички окупатор.

- Се зборува за термини каде што сто називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спреми се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство, затоа што ниту во тоа време не можете да квалификувате една цела нација за опредена определба, кажа Заев.

22.09.2021 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега