Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори

Премиерот, Зоран Заев, во емисијата „360 степени“ кажа дека очекува Македонија да добие датум за преговори во јуни или во јули. Тој истакна дека е оптимист и дека Европа треба да го испорача тоа што и беше ветено на земјава.

Причината Македонија да не го добие долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговори со Европската Унија, вели Заев, не би биле внатрешните работи во земјава, туку случувањата во регинот, пред се во Албанија, која овој пат оди во пакет со Македонија.

 

-За нас ние имаме позитивен амбиент, поради Договорот од Преспа и направените реформи. За жал констелациите не се добри, затоа постои дебата. Тука мислам на Албанија, и на Косово-Србија прашањето. Но верувам дека нема да се дозволи во ниеден момент после 14 години кандидат, и од 2009 година позитивна препорака, повторно бидеме одложени, дефинитивно тоа не е во полза тоа ниту на ЕУ – изјави Заев во интервју за „360 степени“.

Според него јули е реална опција Македонија да добие датум за преговори, во спротивно земјава, вели, ќе се соочи со политичка криза.

-Ако добиеме пречка таа нема да доаѓа од дома. Нема претседател, канцелар, премиер кој ги става под прашање нашите перформанси. Заради констелациите со сите други земји, ќе се знае кога ќе биде одлуката. Доколку немаме датум ниту во јуни ниту во јули тогаш ќе се соочиме со политичка криза, затоа што ги ставивме сите карти на нашата интеграција во ЕУ. Тоа се очекувањата на нашите граѓани, би било проблематично доколку не се испорача тоа – рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега