Заев: Ќе игра метлата и на другата страна, нема да се врати режим

 
„Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструкираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци во Велес правеле. Ние не сме глупави, знаеме. Ќе има метла и на другата страна. Во мојот кабинет работам со луѓе што ги затекнав. Со сите што засукаа ракави работевме. Ама нема да дозволиме некој да да враќа режим“.
 
Ова го истакна премиерот Заев на вечерашната граѓанска трибина за поддршка на кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски.
 
Заев рече дека Стево Пендаровски е симболот на правдата и правичноста и порача дека правото и законите денеска важат еднакво за сите, дека пресуди ќе се носат за сите за кои има докази, а не како претходно по нарачка.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега