Заев: Ќе го тужам новинарот кој обвини дека сум бил вмешан во „Рекет“

Отфрлам секаква поврзаност со Рекет. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев.

- Ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот. Не е точно. Отфрлав секаква поврзаност со Боки 13 поврзана со случајот „Рекет“. Обврска на Обвинителството е да каже дали тоа е така кажано. Објавена е една страна од записникот, а потоа е прераскажувано. Доколку новинарите прават манипулации, има одговорност. Ги повкувам Ременска, Шекеринска и Димитров заедно со мене да поднесат тужба, за да се потврди дека се лаже. Рускоска да кажe дали се точни наодите или не, дали тоа е лага или не. Но, во секој случај, јас како граѓанин ќе го тужам новинарот кој тоа го направил, рече Заев.

За потсетување, новинар на „Информакс“ објави прва страница од записникот од исказот на Орце Камчев за случајот „Рекет“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2019 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега