Заев: Јас сум најпопуларен политичар и кај Македонците и кај Албанците

Премиерот Зоран Заев вечерва во дебатната емисија „КликПлус“ порача дека е „првиот Македонец кој се бори за помалкубројните заедници да бидат еднакви“.

– Јас сум првиот Македонец кој се бори за помалку бројните заедници, подеднакво и затоа сум најпопуларен политичар и кај Македонците и кај Албанците и кај Турците, Србите, Бошњаците, Ромите, рече Заев вчера.

Според него, Стево Пендаровски е заеднички кандидат на граѓаните и партиите и изрази уверување дека граѓаните ќе обезбедат цензус и нема да дозволат нова политичка криза

– Верувам во граѓаните, нема да дозволат државата да се врати назад, вели премиерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега