Заев ја избркал косовската министерка за надворешни од канцеларија – ова се деталите

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев побарал од министерката за надворешни работи на Koсово, Доника Гервала да го напушти неговиот кабинет откако таа на средбата рекла дека доколку Македонија не излезе од Отворениот Балкан, ќе си има работа со неа, пишува „Инфомакс“.

Според информациите, Заев, соочен со оваа необична ситуација, побарал од Гервала да го напушти кабинетот.

„Извинете госпоѓо, но ова викање е неподносливо во мојата канцеларија, од учтивост не можам да ве изнесам, инаку не можете да зборувате на овој начин и вака“, изјавил Заев.

После тоа Гервала ја напуштила канцеларијата.

Текстот за тој случај претходно вчера го објавија повее албански портали без притоа да прецизираат кога точно се случило.


24.10.2022 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега