Заев: Ја чуваме татковината и македонскиот идентитет

Денес им се поклонуваме и ги чествуваме храбрите дејци на македонската револуционерна борба, и горди сме што татковината ја чуваме и афирмираме во светот како место на изградениот и уникатен македонски идентитет. Ова го напиша Заев на Фејсбук.

- Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината и во патриотски дух издигнуваме држава признаена од сите, како што се стремеа и дејците на македонската револуционерна борба. Нека е честит 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба!, напиша Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега