Заев изрази сочувство до семејството чии деца загинаа во експлозијата во Романовце: Се надевам дека сите 7 тешко повредени ќе закрепнат

 Претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил изрази сочувство до семејството чии деца загинаа денеска во експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце.

– Изразувам длабоко сочувство за трагичното губење детски животи денес во Романовце. Искрено се надевам дека трагедијата нема да биде поголема и дека сите седум тешко повредени ќе закрепнат набргу. Поддршка и почит до дежурните екипи за навремената реакција и тимот во Клиничкиот центар кој се грижи за повредените, пишува Заев на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега