Заев: Иванов нема да потпише амнестија под името „Северна Македонија"

„Не верувам дека Иванов ќе потпише амнестија под името Северна Македонија, а ако се дрзне, за 30 дена новиот претседател ќе ја поништи“.

Ова е одговорот на премиерот Зоран Заев, даден за дебатната емисија „КликПлус“ на ТВ21 на прашањето дали Ѓорге Иванов ќе амнестира осудени за 27-ми април.

– Не би требало да направи таков удар, би го нарекол смртоносен удар на нашата земја, посебно во време во кое тоа е недозволиво. Ако на крајот на денот се дрзне да направи таква работа, тоа во рок од 30 дена е поништливо. Реформите треба сите да ги спроведеме како еден наш ментален однос кон државата. Да престанат протекции кај судии, кај обвинители, во здравството. Тоа е дисторзија на системот. Повеќе мешање во правосудството нема и не смее да има, вели Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега