Заев испратил барање до Арсовски да му се извини - Портпаролот немал намера да го стори тоа

Денеска ми стигна и барање за извинување за моја прес конференција ЛИЧНО од Зоран Заев, не од неговата партија или од Влада, туку лично од него преку негов полномошник-адвокат. Очигледно Заев е малку нервозен што многу набрзо нема да има ниту една привилегија од тие што ги имаше изминативе години, стои во Фејсбук статусот на Димче Арсовски.

Тој напиша дека имено во прес-конференцијата наведол дека има склоност кон криминал, претрпе еден од најголемите порази од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со над 100.000 разлика, дека ја опљачкал државава, дека никој не одговарал за 14 изгорени луѓе во тетовската болница и дека функционирал како шеф на нарко картел кој шверцува дрога со државни ресурси.

– И да, стојам позади ова што го кажав и ниту една тужба нема да ги смени овие особини на Зоран Заев. П.С. Немам намера да се извинам, единствен кој треба да се извини на граѓаните и Република Македонија во чие име говорам е Зоран Заев и неговата клика околу него. Се гледаме на Суд, се надевам ќе има храброст барем малку, да дојде ЛИЧНО, бидејќи лично ќе ме тужи, да се соочиме пред Судот и граѓаните и да му ги покажам сите криминални активности што му се припишуваат нему како премиер на оваа Влада, додава Арсовски во својот статус.

22.11.2021 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа