Заев: Имаме нов извештај за транспарентност кој покажува раст на отвореноста на сите нивоа на власт

Зоран Заев и заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за правда, Рената Дескоска и министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, синоќа гостуваа во емисијата „Отворено“ на ТВ 24, во рамките на серијата јавни настапи „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“.

 

Во рамки на дискусијата којашто се отвори во емисијата „Отворено“ на тема транспарентноста на државните институции, министерот Поповски рече дека има значително подобрување на отвореноста и отчетноста на Владата и Министерствата, а нотирано е подобрување на транспарентноста и во локалната самоуправа во објавениот Извештај за транспарентност на земјите од регионот според кој Република Северна Македонија е прва по транспарентност во регионот.

 

„Први сме во транспарентност во споредба со владите од регионот, но време е да се спроведуваме со земјите од Европската Унија. Нашите политики се на увид на граѓаните и многу важно е што на увид на граѓаните се и трошењата на народните пари“, рече министерот Поповски.

 

Премиерот Заев потенцираше дека заради транспарентноста направени се заштеди од 100 милиона евра низ тендерски постапки во измината година и ја оцени транспарентноста како будно око на јавноста кое го гарантира напредокот на државата во повеќе области.

 

„Имаме нов извештај за транспарентност кој покажува раст на отвореноста на сите нивоа на власт, а особено особено централната и локалната. Според овој извештај транспарентноста на Владата е околу 75% додека транспарентноста на локалната самоуправа е над 50%. Ова покажува дека е направен силен напредок на ова поле. Околу 100 милиони евра се заштедени низ тендерски постапки. Транспарентноста  носи огромни заштеди на средства кои се употребуваат за вистински потреби на граѓаните“, додаде министерот Поповски.

 

На прашање за промените коишто следуваат во Националната радио телевизија премиерот Заев и министерот Поповски рекоа дека низ една транспарентна и отворена постапка ќе се случуваат промените за да се изнајдат најквалитетните решенија.

 

„Ја повикувам јавноста и медиумите да го следат изборот на програмски совет на НРТВ и АВМУ, следува процес во Собранието“, рече министерот Поповски.

 

„Програмскиот совет на НРТВ ќе се избере на транспарентна постапка кој што ќе назначи директор и уредници. Изборот ќе оди слично како и за ДКСК, преку бодување и јавност“, додаде премиерот Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега