Заев: Има кадри кои можат да ме заменат, секој е заменлив

 

Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали тој е незаменлив штом не поднесува оставка, посочи дека СДСМ е демократска партија и има квалитетни кадри кои можат да го заменат. Не даде одговор зошто не ги прифатил оставките.

-Мислам дека ниту е соодветно на почитта кон пензионерите, ниту кон манифестацијата. Во духот на тоа што секогаш сум одговарал, пак ќе одговарам. СДСМ е демократска партија. Има квалитетни кадри кои можат да заменат. Секој е заменлив, вклучително и мене. Сигурно и вие приметивте дека стана банално сето ова. Моралната одговорност е испорачана од страна на директорот, заменик министерот, министерот – рече Заев.

20.09.2021 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа