Заев и Спасовски во Куманово: Со низа инфраструктурни проекти општината се развива со засилено темпо

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Куманово оствари средба со градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.

На средбата стана збор главно за инфраструктурните проекти коишто во следниов период ќе се реализираат во општината Куманово

Истакнувајќи дека околу 30% од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта за претстојната година се наменети токму за проекти од исклучителна важност за граѓаните на Куманово и на околината, премиерот Заев рече дека општината за многу кратко време ќе заличи на модерен европски град.

Премиерот Заев исто така додаде дека во општина Куманово и во околните средини во претстојните месеци ќе се изградат бројни регионални и локални патишта, водоводи и канализации. Истовремено, како што рече премиерот Заев, покрај ново-изградената градинка лани, годинава ќе се прошират капацитетите на градинката на објектот „Синоличка“.

Градоначалникот на Куманово, Димитриевски на средбата потенцираше дека општината полека излегува од големите долгови со кои се соочувала со години.  И тој од своја страна, ги информираше премиерот Заев и министерот Спасовски дека во рамки на 3 основни училиште се изградени или допрва ќе се градат спортски сали.

Исто така градоначалникот Димитриевски информираше дека Министерството за култура го прогласи Куманово за град на културата за 2019-та година, и поради фактот што годинава градот одбележува голема годишнина, односно 5 века од постоењето на градот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2019 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега