Заев и Мицковски утревечер на ТВ дуел на МТВ - „Една година власт, една година опозиција“

 

Македонската телевизија утревечер, во 20 часот, ќе го организира првиот ТВ дуел меѓу претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица веднаш беше прифатена од премиерот. За организатори на овој прв ТВ дуел меѓу првите луѓе од власта и опозицијата по повеќе години, првично се пријавија три телевизии. 

Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната редакција на МТВ, ќе биде домаќин и водител на ТВ дуелот, а според него, соговорниците ќе ги спротивстават своите погледи и ставови за повеќе актуелни теми - од преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите.....

Работниот наслов на ТВ дуелот е „една година власт, една година опозиција“.

 

 

 

22.05.2018 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа