Заев: И јас имам дедовци и баби учесници во НОБ

Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детаљ, одговори претседателот на Владата, Зоран Заев на новинарско прашање во врска со неговото интервју за БГНЕС.

Антифашистичкото минато е дел од моето семејство и од мојот град, и јас имам дедовци и баби учесници во НОБ, но наша должност како нација и граѓани, а посебно моја како премиер, е да ги правам исчекорите и да градам пријателство низ призмата на Европската унија, бидејќи огромното мнозинство е за членство

Европските народи се договорија да не заборават и да си простат Европската унија е пример како историски конфликти оставија зад себе. Со таа намера продолжувам додека не го остварам стартот на преговорите. Нашата држава е резултат на антифашизмот, вековниот идеал е остварен со Асномска Македонија. Давање етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Темните страници не треба да бидат пречка за развивањето на добрососедските односи на Балканот и Европа. Во тогашна Југославија постоеше железната завеса и факт е дека се разладија односите. Треба да работиме на отстранување на последиците и од таа железна завеса чии последици се уште се видливи помеѓу Македонија и Бугарија, рече денеска Заев пред новинарите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа