Заев: И јас им се јавував на комичарите

Реакции има од сите страни по снимките кои руските комичари ги објавија со премиерот Зоран Заев, на кои му се претставиле лажно.

По прес-конференцијата и огласувањето на Фејсбук вчера, денеска Заев вели дека омуникацијата меѓу него и руските комичари била взаемна, односно дека можно е и тој неколку пати телефонски да им се јавувил убеден дека разговара со вистинските Столтенберг и Порошенко, пренесе Алсат.

Дека е наместен телефонски разговор дознал завчера.

 

Руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) објавија видео во кое од името на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, разговараат со македонскиот премиер, Зоран Заев, а по тоа следеа многу реакции, а Заев стана топ тема и во медиумите во регионот.

Во разговорот, комичарите зборуваат дека украинските научници ја откриле генетската врска на Порошенко со Александар Македонски, па така, му вели лажниот Прошенко на Заев, „сега можам да се викам Петро Македонски“. Комичарите од името на Порошенко на Заев му нудат помош украинскиот претседател да посредува за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Заев со комичарите разговара за надворешната политика – преспанскиот договор, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.

Во еден разговор тие го вклучуваат и „генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега