Заев ѝ честита на Меркел 15 години како канцеларка: Таа ја испишува современата германска историја

Премиерот Зоран Заев преку две објави на Твитер, една на македонски и друга на германски ѝ честиташе на германската канцеларка Ангела Меркел, 15 години од стапувањето на функцијата.

„Честитки за нашата пријателка, д-р Ангела Меркел која денес одбележува 15 години како канцелар на СР Германија. Таа ја испишува современата германска историја. Канцеларката e наша блиска пријателка и нè мотивира да продолжиме уште похрабро напред“,в ели Заев во честитка.

Меркел е прва жена канцеларка на Германија, функција на која стапи на должност по сојузните избори во 2005 година. Пред да стане канцеларка, на почетокот на ’90-тите беше член на Бундестагот, а од 1991 до 1998, беше министерка за животна средина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега