Заев и Беса се договорија- пратениците се враќаат во собраниската сала

Постигнат е договор и двајцата пратеници од Беса ќе гласаат за уставните измени. Нивните барања најверојатно ќе бидат дел од некои идно законско решение, но не и дел од Уставот.

Неофицијално тие предходно имаа состанокот со премиерот премиерот Заев.

Наскоро ќе биде закажана седницата во собранието на чиј дневен ред се уставните измени, која неколку пати предходно беше одлагана.

 Неофицијално треба да започне во 16 часот. Според други неофицијални информации, пак, седницата ќе започне кога ќе замине германската канцеларка Ангела Меркел од Атина.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели: „Кога ќе почне ќе почне”.

Во меѓувреме, најавена е средба на независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега