Заев и Ахмети во четири очи не зборувале за конкретни имиња за „метлата"

Еден час зад затворени врати во четири очи траеше средбата на премиерот Зоран Заев и неговиот коалициски партнер Али Ахмети за метлата или најавената чистка.

Реконструкција на владата била клучна тема, но не станало збор за конкретни имиња, туку само за концепти.

Официјално, во соопштението од владата се вели дека процесот на евентуални кадровски промени е отворен. На средбата е договорено дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

ВИДЕО: Тв24

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега