Заев: Горд сум што покажавме дека Охридскиот рамковен договор е функционален

Изминаа 18 години откако на денешен ден во 2001 година политичарите по долгите исцрпувачки преговори постигнаа договор и ставија крај на конфликт кој ѝ се закануваше на земјата. Ова го напиша денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

- Охридскиот рамковен договор постави основа за натамошно градење доверба помеѓу различните етнички заедници кои живеат тука, во иста земја, под исто сонце. Договорот гарантираше дека насилството не смее и никогаш веќе нема да биде механизам за остварување какви било политички цели и интереси. Денес во нашата земја се гарантира целосно почитување на принципот на недискриминација, како и рамноправен и правичен третман на сите лица пред законот. Јас сум горд што покажавме дека овој договор е функционален и дека со заеднички ангажман на сите граѓани од сите заедници ја внесуваме Северна Македонија во НАТО, градиме консензус и ги спроведуваме реформите кои земјата ја носат кон Европската Унија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега