Заев: Голема е разликата меѓу овој повик за избори и оние на Груевски

Голема е разликата меѓу повикот за вонредни избори кои ги иницирав во оваа 2019 година и серијата вонредни избори што ги иницираше Груевски од 2008 до 2014 година. 

Ова го вели Заев во гостувањето на ТВ24.

 – Груевски тоа го направи прв пат во 2008 година после неуспехот на неговата влада во Букурешт. Ние тоа го правиме после серија успеси. Признаени од целиот свет. Европа ни призна. Заради нивни внатрешни дебати и нерешени прашања не го добивме очекуваниот датум за преговори за пристапување. За неколку месеци ние ќе бидеме полноправна членка на НАТО. Тоа е исполнување на една од двете стратешки цели на државата. Тоа е остварување на една од двете стратешки цели на државата, а прашањето за отворање на преговорите за членство во ЕУ е прашање на време, вели Заев.

Тој додаде дека за две години се остварени достигнувања кои претходно 10 години беа блокирани заради политиките на претходната Влада.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега