Заев: Го сменив ставот за ерга омнес, но за државата се работи

Премиерот Зоран Заев на почетокот на седницата за уставни измени упати благодарност до осумте пратеници за учество во процесот на уставните измени, но и упати критики до раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека намерно не учествуваат од целиот процес.

– Најлесно е да го избегнете овој процес, вашата партија е за ЕУ и НАТО, знае дека подобар договр не може да се постигне и затоа Мицкоски од април не сакаше повеќе да разговара за таа тема. Иако и тој знаеше што значи ова од безбедносен аспект за државата. Вие имавте храброст да учествувате во процесот. И точно е дека јас го сменив ставот, но за државата се работи. Двојно решение за дома и надвор носи нови проблеми. Може ќе беше можно има само за меѓународна употреба, но ќе го немаше зборот Македонија – рече Заев како реплика на пратеничката Елизабета Канческа Милевска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега