Заев: Го почитувам, но Река не може да бара поддршка само од Албанците

За својот противкандидат Блерим Река, премиерот Зоран Заев вечерва во „Клик плус“ истакна дека го почитува многу, но дека му замерува што бара поддршка само од Албанците, додавајќи дека треба да бара гласови и од Македонците.

На прашање што должи на Албанците, што воедно беше и темата на вечерашниот „ClickPlus”, премиерот Зоран Заев одговори дека никому ништо не должи, дека се залагал за Албанците, и така станал најпопуларен политичар кај Албанците, Турците, Србите, Бошњаците, Ромите…

 Јас сум првиот Македонец кој се бори за помалку бројните заедници, подеднакво
И затоа сум најпопуларен политичар и кај Македонците и кај Албанците и кај Турците, Србите, Бошњаците, Ромите рече Заев.

 

Премиерот потенцираше дека рамноправната распределба на капиталните инвестиции ќе помогнат за рамноправна распределба на парите кај сите граѓани подеднакво.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега